fbpx

Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените.

Во својата забеганост Мицкоски денес од Велес, врескаше и ги обвинуваше родителите дека од граѓанско движење полека се претварале во „политичка партија“.

Овој наратив на Мицкоски сериозно загрижува, особено поради фактот што на овој начин се повикува на јавен линч на родителите на загинатите и повредените и нивните семејства.

Забеганоста на ваквиот наратив е и во фактот што Мицкоски ја покажа својата лутина и гнев кон родителите, недостасуваше уште да ги обвини за трагедијата и за неговиот рејтинг.

Мицкоски се дрзна да ги споменува и жртвите во случајот со Мартин Нешковски, малата Тамара но и Смилковско Езеро. Ова е некрофилија и јавен линч врз жртвите од трагедии, за кои Мицкоски вели дека се некрофили и негови политички непријатели.

Последни вести