Соопштение за јавност, изјава на претседателот Венко Филипче
Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само затоа што градоначалникот е од друга партија
Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ги посети капиталните проекти во градот. Салата АСНОМ, прочистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу 150 дечиња. Сите овие проекти рече Филипче од одобрување на средства до потпишување договори и реализација се во периодот на владите на СДСМ.
„Станува збор за капитални проекти коишто беа навистина потребни и коишто сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево. Прво обновата на салата АСНОМ којашто се користи за многу манифестации, понатаму мостот којшто исто така на го олеснува движењето низ градот, понатаму изградба на новата градинка во која ќе се сместат повеќе од 100 деца, а затоа има огромна потреба во градот, понатаму пазарот којшто е целосно обновен и секако новата прочистителна станица со швајцарскиот проект и дополнително средства од владата наменети пред неколку години“, рече Филипче.
Тој потсети дека салата АСНОМ е целосно реконструирана со средства од владата на СДСМ и истата денеска се користи за одржување свечени настани од општината, трибини, играорни групи и бројни настани на училиштата.
Новата детската градинка која е во завршна фаза ќе опслужи 150 деца од градот но и од околните места. Таа е клон на постоечката „Весели цветови“ и договорот за нејзината изградба исто така е потпишан со министерката за труд и социјална политика од владата на СДСМ, Јована Тренчевска.
Филипче потсети дека пречистителната станица во Делчево е комплетно нова и истата има исклучителна важност за градот бидејќи се користи за питка вода за пиење. Договорот за нејзината изградба е склучен и потпишан со владата на СДСМ, швајцарската амбасадорка и тогашниот министер за животна средина, Садула Дураку. Станува збор за пречистителната станица која е пуштена во употреба минатата година и е наменета за Делчево и за најголемите населени места односно селата кои гравитираат во околината.
Филипче оценува дека овие проекти не се само инфраструктура, туку се вложување во подобар живот за сите граѓани, проекти кои го менуваат животот на граѓаните на подобро. За жал, денеска Делчево не само што нема капитални проекти туку истото е целосно заборавено а тоа најмногу се одразува на граѓаните и тоа само затоа што градоначалникот не е од истата партија.
„Еве сега гледаме што значи да се нема поддршка од влада. Од оваа актуелна влада практично Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано. Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кој е градоначалник од која партија е, тоа граѓаните навистина не го заслужуваат“, потенцираше Филипче.