Соопштение за јавност
Социјалдемократкиот сојуз на Македонија во име на граѓаните на Македонија изразува благодарност до САД и до ЕУ, кои во духот на традиционалното пријателство продолжуваат да ги поддржуваат стратешките интереси на Република Македонија.
Јасно изразената поддршка од САД на демократските процеси во Македонија и на евро-атлантските интеграции на земјата е од огромно значење за граѓаните на Република Македонија и за просперитетна иднина на државата.
Демократските реформи, владеење на правото, целосно имлеметирање на Договорот од Пржино, интеграции во НАТО и ЕУ, што Стејт департментот ги посочи како важни за нашата држава, се волја и на мнозинството граѓани на Македонија, јасно изразена на парламентарните избори во земјава.
Овие пораки што доаѓаат од САД и од Европската унија покажуваат со колкава одговорност се соочуваат политичките субјекти во Македонија во овој период кога се носат клучните одлуки за иднината на државата и за форматот и приоритетите на идната Влада, бидејки се одредници во кој правец ќе продолжи да се движи Република Македонија.
Скопје 03.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА