fbpx

Нетпрес објави трета лажна вест од нивниот фалсификат, што повлекува кривична одговорност!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никој не може да го покрие неуспехот на Никола Груевски да состави Влада и неговиот страв од одговорност за криминалното владеење.

Објавените лажни вести со очигледни фалсификати од страна на порталот Нетпрес и медиумите на Груевски, повлекуваат кривична одговорност.

Порталот Нетпрес и денеска се повикува на непостоечки фалсификуван извештај и објавува клевети за СДСМ.

Уште еднаш укажуваме – лага е дека СДСМ има поднесено вкупен финансиски извештај за изборната кампања, како што тврдат во фалсификуваниот документ во прилог, на којшто со голо око е видлив допишаниот текст.

Уште еднаш упатуваме и на официјалниот линк до официјалната Веб страница на Државната изборна комисија, каде јасно се гледа дека СДСМ не поднела вкупен финансиски извештај:
http://www.sec.mk/konechni-finansiski-izveshtai-za-prihodi-i-rashodi-na-politichkite-partii-21-11-11-12-2016/

Според тоа измислица е и објавеното за наводно непријавени,а потрошени средства.
СДСМ и коалицијата досега имаат поднесено два финансиски извештаи и имаат потрошено онолку средства колку што е наведено во извештаите на денот на нивното поднесување, согласно законските прописи и Изборниот законик.

Вкупниот финансиски извештај СДСМ и коалицијата ќе го достават по затворањето на трансакциската сметка, како што е предвидено во Изборниот законик.

Согласно член 71 став 6 од Изборниот законик, трансакциската сметка се затвора во рок од 3 месеци од денот на објавување на конечните резултати, што значи до месец март, 2017 година. По затворањето на сметката, СДСМ ќе го поднесе вкупниот извештај, за кој согласно Изборниот законик има рок од 30 дена.

СДСМ ги почитува законите, а финасиските извештаи на партијата редовно се анализирани од Државниот завод за ревизија.

Бараме порталот Нетпрес и медиумите коишто ја пренесуваат и денешната нова лажна вест којашто се базира на фалсификат да се извинат во законскиот рок од 3 дена. Во спротивно ќе покренеме соодветни правни дејствија.

 

Скопје, 02.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести