fbpx

Kриминалната власт остава јавен долг над 50 проценти, криењето ќе биде кривично дело!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се потврди дека досегашната криминална власт остава во наследство на граѓаните и на Република Македонија јавен долг од над 50 проценти од БДП!

Тоа го покажуваат вчера објавените податоци од Извештајот на Министерството за финансии, за состојбата на јавниот долг заклучно со 31.12.2016 година.

Тоа значи дека министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, во изборната кампања ги лажел граѓаните дека јавниот долг е намален за 1.4 проценти!

Долгот е се уште на критичното ниво над 50 проценти, како што предупредија и меѓународните финансиски институции, кога изразија загриженост за темпото на задолжувања на државава.

Граѓаните се тие кои ќе ги враќаат огромните долгови во милијарди евра, со камати, што ги направи досегашната неодговорна власт и тие имаат право да знаат колкав е јавниот долг на државата.

Затоа е итно потребна нова Влада според мнозинската волја на граѓаните којашто ќе води реални одговорни политики и којашто посветено ќе работи на стабилизирање на нивото на јавниот долг.

Како што се обврзавме во Планот за живот, јавниот долг ќе мора да се објавува целосно и редовно без исклучоци и политички калкулации. Криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело.

Сите кои правеле злоупотреби на парите на граѓаните ќе одговараат.

 

Скопје, 01.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести