Соопштение за јавност
Никола Груевски ќе треба да објасни како успеал да заштеди 230.000 евра, колку што официјално пријавил во најновиот Анкетен лист.
Поранешниот премиер додека осиромаши над 500.000 граѓани, како што објавивме штедел и по 10.000 евра месечно. А според последните пријавени податоци во изминатата година заштедил речиси 20.000 евра. Ова може да се види ако се споредат неговите анкетни листови од последните три години. Доколку оваа пријавена заштеда се подели на 12 месеци, тогаш излегува дека обвинетиот Груевски месечно штедел околу 1.500 евра.
Случајно или не, висината на оваа сума е слична на сумата којашто поранешниот премиер ја добива како апанажа од државата, од пари на граѓаните на Македонија.
Од што живеел тогаш Груевски кога можел да ја штеди целата плата од апанажата?
Сумата што за една година ја ставил на книшки Груевски е речиси 60 месечни просечни плати, односно, на работник кој зема просечна месечна плата и тоа пресметана според контролираниот ДЗС, потребни му се цели пет години за да го заработи она што Груевски го заштедил за една година.
Граѓаните знаат дека поранешниот премиер и криминалната власт во заминување изнеле и над 5 милијарди евра нивни пари по странски сметки на рајските земји. Затоа над 612.000 граѓани на изборите гласаа за промени, правда и враќање на нивните пари и затоа е потребна нова одговорна Влада што тоа ќе го спроведе.
Скопје, 01.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА