fbpx

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите ов Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Работите по една година од владата на ВМРО-ДПМНЕ не одат во права насока и време е да преземеме нешто, порача потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во однос на локалната самоуправа Шукова нагласи дека доволно е само да се помине низ Скопје за да стане јасно какви локални политики води владата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа држава.

Во тоа што се одбидува да се одлепи од постојната градоаначлничка, граѓаните се помалку веруваат. Главен кривец за состојбата во градот, покрај Данела Арсовска е секако ВМРО-ДПМНЕ. Да пробате вашиот несупех да го пренесете на другите е најлошото сценарио што можете да го осмислите и во таквите сценраија нашите граѓани веќе не веруваат и за таквите сценарија нашите граѓани на овие локални избори ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ, рече Шукова.

Шукова нагласи дека заложба на СДСМ е локалните самоуправи да станат подобри и поефикасни и со тоа градовите да станат поотпорни климатски, позелени и со помалку отпад.

Креираме политики, кои сериозно ќе продолжиме да ги имплементираме во општините, кои досега ги водевме, но ќе се обидме да ги вратиме добрите локални политики во општините кои во моментот ги води ВМРО-ДПМНЕ, се стремиме кон транзиција, кон зелени градови, енергетска ефикасност на нашите градови, бидејќи само така можеме да си направиме подобри услови за живеење, подобри услови за нашите деца, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова од трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Последни вести