Соопштение за јавност
На граѓаните итно им се потребни институции што ќе работат во нивна служба и нивен интерес.
Министерството за финансии раководено од Кирил Миноски попладнево, скандалозно, испрати таканаречена реакција во којашто не одговара на клучното прашање од интерес на граѓаните.
Зошто Кирил Миноски на заминување ги задолжи со над 15 милиони евра повеќе од потребното?
Миноски денеска гo реализира најавеното задолжување од 31.7 милиони евра.
15.8 милиони евра се доспеани обврски за враќање оваа недела.
Зошто Миноски направи задолжување од 31.7 милиони евра, ако обврските за плаќање се 15.8 милиони евра?
Само нова и одговорна Влада на граѓаните на Р.Македонија може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на нивните реални потреби.
Порачуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните и дека за секоја направена штета ќе има одговорност.
Скопје, 10.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА