fbpx

Власта во заминување за утре планира нови милионски долгови, итно е потребна нова Влада на граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Предупредуваме дека власта во заминување не смее да прави ништо што е на штета на граѓаните на Република Македонија!

Владата во заминување сака утре да ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе од обврските што се стигнати за враќање оваа недела.

Министерството за финансии според најавената аукција утре побарува 31.7 милиони евра! А за враќање се доспеани 15.8 милиони евра!

Бараме од Кирил Миноски веднаш да објасни за кого и за што побарува 15 милиони евра повеќе, што треба да ги враќаат граѓаните.

Да не се осмели Миноски да лаже дека парите се за тековни расходи.

СДСМ и со ограничените ингеренции во Министерството за финансии во Владата за организирање и спроведување на изборите им заштеди на граѓаните над половина милијарда евра, или точно 570 милиони евра нов долг, без притоа да биде доведена во прашање редовната исплата на платите, пензиите, субвенциите, социјалната помош.

Затоа граѓаните избраа промени. Граѓаните не сакаат нови милионски задолжувања на нивните деца и внуци.

Затоа потребна е нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија, којашто ќе се грижи за нивните потреби.

 

Скопје, 09.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести