fbpx

Тодоров зад себе остави руинирано здравство и не смее ништо повеќе да ветува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Македонија избраа промени бидејки сакаат одговрни политичари кои се грижат за нивните потреби и нивното здравје, наместо досегашната неодговорна власт.

Никола Тодоров заедно со Никола Груевски во 10-годишното владење го уништи здравството. Важни им беа само тендерите што не донесоа ништо добро за граѓаните освен пари во џебовите на криминалната власт. Болниците се сеуште без основните услови за работа и без потребните медицински материјали и лекови за пациентите, клиниките не се реконструирани како што беше ветено, лекарите и медицинските работници заминуваат од државава.

Никола Тодоров, кој е дел од штетната Влада за граѓаните, нема никакво право ниту да зборува, ниту да ветува што било во здравството.

Граѓаните имаат потреба од нова одговорна влада којашто ќе се грижи за нивното здравје и за нивните реални потреби.

 

Скопје, 10.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести