fbpx

Средба на претседателот Заев со пратениците: Граѓаните приоритет број еден!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Раководството на СДСМ, претседателот Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со избраните пратеници на парламентарните избори.

Постигнат е огромен успех, режимот е поразен со пенкало и глас, мнозинството граѓани, над 600.000 граѓани на Македонија избраа промени наспроти режим е заедничката оценка.

Изразена е заедничка одлучност за работа исклучиво во интерес на граѓаните и реализација на обврските во Планот за живот во Македонија.

-Мнозинството граѓани гласаа за добар живот, повисоки плати, силни домашни претпријатија, за враќање на парите кај граѓаните, за институции кои работат во служба на граѓаните, за правда за сите. Мнозинската поддршка од граѓаните за промени против режим е голема чест и одговорност и бара исклучителна посветеност и во застапувањето на потребите на граѓаните и развојот на демократска Република Македонија, рече претседателот Заев.

На состанокот е констатирано дека започнатите демократски процеси продолжуваат со формирање реформска Влада што ќе ги отвори перспективите за граѓаните и за Република Македонија.

 

 

 

 

Последни вести