Соопштение за јавност
СДСМ осудува секаков вид насилство и апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации и нервозата што ги шири ВМРО-ДПМНЕ по поразот на изборите.
Јасна е определбата на граѓаните против режимот, а за живот во Македонија и нема никаква причина да се одговара на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да испровоцира тензија меѓу граѓаните.
Во врска со информациите објавени на некои портали дека се случило физичко насилство мотивирано од политички антагонизам, доколку тоа навистина се случило, порачуваме оштетените веднаш да пријават во полиција, а МВР да направи истрага и согласно законите да постапи против насилниците.
Скопје 15.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА