Соопштение за јавност
Поразената ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните на избори со пенкало го срушија режимот на Никола Груевски и избраа живот во Македонија.
Искршениот штаб на СДСМ во населбата Бардовци, што се случи по невротичниот прес на Влатко Ѓорчев, само ја потврдува нервозата и паниката што владеат во ВМРО-ДПМНЕ, по дебаклот на изборите во Македонија.
Мнозинството граѓани на Македонија гласаа за живот, за стабилност, за слобода, за промени и тие промените веќе се случуваат.
Заврши времето на политичари како обвинетиот за насилство Никола Груевски и криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ којашто граѓаните на овие избори ја испратија во историјата.
Скопје, 14.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА