fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане со злоупотреба на администрацијата за вршење притисок врз ДИК

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да врши никаков притисок врз Државната изборна комисија и ќе остави да се испочитуваат процедурите и комисијата да ја заврши работата согласно законите.

Апелираме ВМРО-ДПМНЕ да престане со злоупотреби на локалната и државна администрација, со носење на протести и контра-протести и така да врши притисок и да ги прејудицира одлуките на ДИК.

Токму оваа практика ги доведе до пораз, но за жал поразот не ги освести и продолжуваат да го прават истото.

Граѓаните да бидат внимателни и воздржани и да ја следат работата на ДИК и нејзините одлуки.

 

 

Скопје 15.12.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести