Соопштение за јавност
СДСМ ја почитува слободата на говор и ги почитува сите медиуми без оглед на нивните уредувачки политики.Слобода на медиумите и правото на непречено и слободно медиумско известување се наши основни заложби.
На митинзите на СДСМ и коалицијата, како што досега се покажа, добредојдени се сите медиуми што имаат интерес за известување.
На вчерашниот митинг во Куманово, на габаритното возило на телевизија Нова му беше дозволено пристап позади самата бина. Поради организациски, технички и визуелни причини, техничката екипа на телевизија Нова беше замолена да се помести петнаесеттина метри.
Некоректното известување на телевизија Нова за наводно оневозможување да ја вршат својата работа говори само за тенденциозност на телевизијата за извртување на вистината.
Скопје, 07.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА