Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва од скопската општина Ѓорче Петров го повика Никола Груевски да се охрабри да се појави на дуел, ако не сам, тогаш со поддршка од неговите соработници.
„Ако не може сам Груевски, нека го земе со себе Сашо Мијалков, нека го земе Никола Тодоров, Трајко Велјаноски. Да го прашам тоа што не можев да го пуштам во бомбите, а граѓаните имаат право да го знаат“ рече претседателот Заев.
Тој додаде дека Груевски е веќе осамен.
„Уште една мала група луѓе се околу него, 300 – 400 луѓе, на сите им е јасно дека се било за пари и власт, се што правел“, рече Заев.
Претседателот Заев порача дека ова се најзначајните моменти за граѓаните и државата.
„Или крај на режимот или нема иднина за Македонија. Бидете горди, ние сме на вистинската страна“ повика претседателот Заев.
Тој се обрати на граѓаните со пораката дека на Македонија и е неопходна стабилна, реформска Влада и затоа, иако целото расположение е опозициско, да дадат масовна поддршка за промени за добар живот за сите.