fbpx

Спасовски: Ги враќаме долговите кон фирмите, ја помагаме домашната економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Извадок од обраќање
Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2
Скопје 27.11.2016

Имаме конкретен и јасен план за поддршка на домашните компании бидејќи колку се домашните компании поразвиени толку посилна ќе биде и државаната економија. Во нашиот план предвидуваме државна помош во висина од 140 милиони евра за домашните компании да можат да создаваат нови работни места. Тоа значи дури стопати поголема помош отколку што компаниите имаат денес.

Се обрзуваме на Навремена исплата на обврските од државата! Ќе ги вратиме долговите кон домашните фирми! Во првите 100 дена јавно ќе објавиме план и јасни рокови за нивно плаќање. Ќе им помогнеме на фирмите во проширувањето на капацитетите. Државата ќе финасира 25 отсто од збирот на инвестицијата и бруто трошокот за нови работни места.

Ќе воведеме поволни микрокредити за отворање мали компании со само еден процент камата за кредит до 15 000 евра. За оние фирми со помалку од 5 вработени, ќе ги намалиме трошоците за фирмарина.

Ќе го поттикнеме претприемачкиот дух кај младите. Секоја година ќе доделуваме по 10 000 евра неповратни средства за најдобрите бизнис идеи. Така младите ќе се вработат себеси но истовремено ќе им помогнат и на другите.

Ќе изградиме старт-ап центри каде што новите компании бесплатно ќе користат деловен простор, но и правни и сметководствени услуги.

Ова се дел од мерките со кои ќе им помогнеме на домашните компании. Ова се дел од мерките со кои ќе им помогнеме на граѓаните. Ова се дел од мерките со кои ќе го спречиме иселувањето, ќе го вратиме достоинството и ќе го вратиме животот во Македонија.

 

 

 

 

Последни вести