Соопштение за јавност
Каранфилова Пановска: Претседателката на ДКСК треба да си поднесе оставка од морални причини
Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по два основи, мислам дека се повеќе од доволни да самата таа си поднесе оставка од морални причини, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија.
-Сметаме дека првата антикорупционерка има одговорност да го штити кредибилитетот и интегритетот на ДКСК како еден симбол на борбата со корупција на оваа држава. Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по два основи мислам дека се повеќе од доволни да самата таа си поднесе оставка од морални причини. Затоа што самиот тек на постапостапките, нејзино суспендирање на еден начин од обврските што ги има како прва антикорупционерка во државата го бараат тоа од неа како личност.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја разгледува иницијативата на дел од политичките партии, на Левица во случајот, за интерепелација, градиме став. Но, едно е јасно и сигурно дека во ваква ситуација претседателката на ДКСК може да си поднесе оставка од морални причини, рече Каранфилова Пановска.