fbpx

Груевски ги сотре домашните фирми, за 29 дена тие ќе го казнат него!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски пишува фб статуси за наводни нови работни места затоа што не може да ги погледне во очи граѓаните што 10 години ги лаже.

Во тие 10 години, власта на Груевски затвори најмалку 10.000 домашни фирми.

Колку не мислеше Груевски на домашните фирми покажува тоа што домашните претпријатија добиваа мизерни 2 евра државна помош, годишно!

Овие погрешни политики на Груевски се нотирани и во Извештајот на Европската Комисија кадешто се забележува дека е намален бројот на новоотворени домашни фирми!

Никола Груевски ги уништи домашните фирми преку огромните казни и давачки што ги спроведе со неговите соработници, а не обезбеди странски инвестиции како што ветуваше, поради што Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот и во Европа.

За целата деценија владеење, работат само бизнисите на Груевски, Мијалков и фамилијата, кои крадат од граѓаните и ги сиромашат, поради што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а над 626.312 илјади луѓе ја напуштија Македонија.

Груевски го изгуби правото што било да ветува, ниту пак ја заслужува довербата на граѓаните.

Граѓаните на 11 декември ќе ги казнат Груевски и фамилијата и ќе изберат живот во Македонија!

 

Скопје, 12.11.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести