Соопштение за јавност
Гувернерот на Народна банка на Р. Македонија, Димитар Богов не може да ја одлепи од себе вината што со години ја поддржуваше криминалната власт на Груевски во задолжувањата што достигнаа историско ниво.
Добро е што Богов призна дека ММФ има право за јавниот долг и дека е потребна стабилизација на нивото на јавниот долг.
Но зошто ако гувернерот Богов го прифаќа предупредувањето на ММФ дека е потребно силна контрола на темпото на задолжувањата, тој не придонесе со ништо тоа да се спречи?
ММФ, Светска банка, СДСМ веќе предупредија дека оваа власт загрижувачки ги задолжува граѓаните на Р. Македонија.
Тоа темпо на задолжувања изминативе девет месеци достигна 2 милиона евра на ден.
Тоа значи дека оваа власт секој граѓанин, секој ден, го задолжува по 60 денари!
Власта на Груевски веднаш да престане да ги задолжува граѓаните, а ќе одговара за сите злoупотреби.
И Богов ќе мора да одговори зошто молчи за штетите врз граѓаните од 2011 година, откако е поставен за гувернер на Народната банка.
Скопје, 04.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА