Соопштение за јавност
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го потврди скандалот со нефункционалноста на системот за администрирање и контрола на исплатата на субевнциите кој претставува основа за селективната исплата на субвенции и изборни манипулации во претходните години.
Министертвото ги потврди и констатациите на ревизорот кои се однесуваат на нефункционалноста на истиот систем.
Министерството нема одговор и ниту еден збор за меморандумот што според законот и правилникот требало да биде склучен со Агенцијата за катасатар на недвижности заради користење на податоците за земјоделските парцели при исплатата на субвенциите.
Министерството потврди дека нема склучено меморандум со Агенцијата за храна и ветеринарство за користење на податоците за бројната состојба на животните и нивната идентификација од 2012 до 2015 година. Зошто се чекаше да поминат годините на избори, па Министерството и АХВ да потпишат договор за користење на податоците?
Ако се користеле само офис и ексел програмите како што тие велат, тогаш немало потреба да се трошат близу еден милион евра на граѓаните за систем кој не е во функција.
Зголемувањето на процентите во изборната 2014 година на исконтролирани баратели за финансиска поддршка (од планираните 5% на 7,5%) јасно покажува дека се вршеле политички притисоци врз земјоделците.
Затоа уште еднаш прашуваме:
Дали токму нефункционалноста на овој систем за кој се платени 778.000 евра средства од граѓаните за да се овозможи администрација и контрола на исплаќање на субвенциите на земјоделците, е токму причината за селективниот и клиентелистички пристап во распределба на субвенциите?
Зошто ова се случува во 2013 и 2014 година, период кога имавме локални, претседателски и парламентарни избори?
Јас и мојот тим нема да дозволиме било какви злоупотреби да се прават врз грбот на земјоделците во пресрет на изборите. Одговирност ке има.
Бескомпромисно и без калкулакции работиме и ќе продолжиме да работиме во нивни интерес.
Дополнителен заменик министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство
Љупчо Николовски