fbpx

Ќе има ревизија за изборот на младински претставник во РИКО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најавуваме дека ќе биде предмет на ревизија на правениот избор на младински претставник во Канцеларијата за соработка на млади од Западен Балкан, РИКО.

Во изборот најдрско се вмеша власта на НиколаГруевски,преку фиктивни младински организации и преку Агенцијата за млади и спорт,што е недозволиво.

Избраната Бојана Наумовска не може да брани младински интереси во РИКО бидејќи е советник на ВМРО-ДПМНЕ во Собраниетона Р.М. Таа не го исполнува клучниот критериум, односно не е поддржана одниту една младинска организација.

Оваа раководна позиција е многу значајна бидејќи организацијата РИКО одлучува колку средства и зашто ќе се слеат кај младинските организации воМакедонија. Овие организации се дел од младинскиот активизам против невработеноста на младите и иселувањето, за квалитетно образование и други слични прашања, зашто младите луѓе треба и мора да бидат оставени да се борат преку свои легитимни претставници, а не личности блиски до власта.

По 11 декеври ќе подлежат на ревизија и сите други контроверзни одлуки што го загрозија младинското организирање. За 44 дена, младите во Македонија слободно ќе одлучуваат за нивниот начин на организирање, за нивните претставници, ќе бидат вклучени во носењето одлуки за сите прашања од нивен интерес и активно ќе ги креираат политиките за нивен квалитетен живот во родната земја.

Скопје, 28.10.2016

 

 

Последни вести