fbpx

Заев: Отвораме сегашност и иднина за младите во Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев 
Струмица, 29.10.2016

 

Почитувани млади, почитувани присутни, почитувани граѓани,

Еве преку овие 8-мина млади невработени луѓе, кои финансиски ги поддржавме да развијат сопствен бизнис, општина Струмица и јас како градоначалник ја потврдуваме нашата цврста определба – да отвораме сегашност и иднина за младите во Македонија.

Проектот „Поддршка на почетни бизниси за млади“ го заокружуваме со тоа што ќе доделиме по три илјади евра во денарска противвредност, на овие млади луѓе за кои формираната комисија одлучи дека имаат најдобри бизнис идеи.

Станува збор за неповратни пари што на секој од вас ќе му послужат, да почне да ја реализира својата идеја.

Од комисијата на економскиот оператор „Нолиџ центар“ од Скопје за имплементација и следење на реализацијата на проектот, информиран сум дека стигнале уште многу други добри бизнис идеи.

Носителите на тие идеи, тие млади луѓе, посетуваа обуки за бизнис и добија сертификати што ќе им помогне во нивните натамошни професионални ангажмани.

Ве уверувам, ќе продолжиме да ги мотивираме младите луѓе да осмислуваат и креираат сопствени бизниси, својата иднина да ја гледаат и да ја градат тука во Македонија.

Знам што значи на младиот човек да му се подаде рака кога му е најпотребно. Завршуваат младите луѓе факултети, остануваат без работа и без ангажман и потоа, разбирливо, ни заминуват од државата.

Не би било така кога државата би им овозможила, на пример, пракса, дошколување или работно место.

Во име на општина Струмица и во име на нашите партнерина нашиот партнер, на вам младите, ви посакувам да го остварите својот сон. Сакам да знаете, ние ќе ви помогнеме да успеете. Но ја гледам вашата посветеност и ве охрабрувам, ние верувавме во вас, верувајте и вие во себе.

Нека биде овој настан порака и до сите други млади луѓе, дека мојата главна цел е ваша поддршка. Вие младите да учите, работите, живеете, овде во Македонија!

 

 

Последни вести