Во очаен обид да инсталираат режим, поради страв од сопствена некапацитираност; неспособноста и незаконското постапување на началниците на г-дин Тошковски силеџиски дејствуваат против секоја општа и уставна логика.
За тоа, итно треба да бидат изнесени пред лицето на правдата!
Очекувам за скандалот во Д.Хисар, ОЈО да постапи согласно своите надлежности кога веќе началникот ги пречекорил своите овластувања и очигледно злоупотребил службена положба.
На Власта не и јасно сеуште, дека државата не е приватна своина
МВР неможе и несмее да биде ставено во функција на личните потреби на дпмнеовски началничиња – со крајно компроматна историја.
СДСМ еднаш сруши режим, ама овој пат нема да ни да дозволи да биде инсталиран.
Неспособноста неможе да се покрие со режимски практики, за кои исто така немаат капацитет