Соопштение за јавност
СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара
Откако МВР ја призна вината и се потврди она што го говореше СДСМ, дека началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиновски, постапувал незаконски, министерот Панче Тошковски не смее да се обидува да го заташка случајот.
Не е доволно само да се води постапка пред внатрешна контрола. Тошковски е должен веднаш да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата. Нема простор за изговори.
Истото важи и за Основното јавно обвинителство, кое по службена должност мора да постапи и кривично да го гони началникот за прекршување на законите.
Ако ОЈО тоа не го направи, ќе значи директна заштита на Мартиновски, а со тоа и на Панче Тошковски.
СДСМ бара ОЈО да покаже дека законот важи за сите, особено за началниците на Тошковски, и да стави крај на злоупотребите на партиската полиција во служба на ДПМНЕ.
Полицијата мора да биде заштитник на граѓаните, а не средство за политички прогон и заплашување.