fbpx

Планот на Груевски е да се спаси од одговорност, но нема да и избега на правдата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обвинетиот Груевски е во паника бидејќи доаѓа време кога треба да одговара, па преку „Република“ и куририте само го кажува она за што стравува. Тој најдобро знае какви криминали и злоупотреби правел, па најдобро знае и за што се ќе мора да одговара.

Планот на Груевски е коалиција со криминалот. Планот на СДСМ е коалиција со граѓаните.

Планот на Груевски е грабеж на парите на граѓаните. Планот на СДСМ е враќање на парите назад кон граѓаните.

Планот на Груевски е иселување на граѓаните. Планот на СДСМ е да запре иселувањето, и враќање на дел од иселените граѓани преку сет економски мерки.

Планот на Груевски е сиромаштија и живот на 180 илјади граѓани со по 40 денари на ден. Планот на СДСМ е зголемување на минималната плата на 16 илјади денари и просечна плата од 500 евра.

Планот на Груевски е богатење на својата фамилија и на партијата. Планот на СДСМ е намалување на нееднаквоста преку поголеми даноци за побогатите.

Планот на Груевски е фрлање на стотици милиони евра на стиропор додека родилки умираат по болниците. Планот на СДСМ се вложувања за јавно здравство достапно за сите и бесплатно болничко лекување за сите.

Планот на Груевски е раскошен живот за мафијашката банда околу него, додека граѓаните преживуваат. Планот на СДСМ е живот за сите во Македонија.

Планот на Груевски ќе биде поразен. Планот за Македонија ќе го оствариме заедно со граѓаните по 11 декември.

 

Скопје, 24.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести