Соопштение за јавност
Ниту една лага произведена во барокниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие катастрофалната состојба со детските градинки. Додека ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа поседува имот повеќе од 33 илјади квадратни метри, децата и воспитниот кадар деновите ги минуваат во претесни простории и во несоодветни услови.
Додека најбогатата партија во Европа лицемерно зборува за семејни вредности, родителите мора да бараат врски за да си ги запишат децата во градинка.
Ова е вистината која јавноста многу добро ја знае и истата не може да се сокрие преку панични соопштенија објавени од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваме дека мегакриминалниот проект „Скопје 2014“ изеде 4.446 градинки, а ВМРО-ДПМНЕ не изгради ниту четвртина од градинките кои ги вети.
По 11 декември ќе живееме во земја во која градинките ќе бидат поважни од спомениците. Имаме план преку кој ќе обезбедиме достоинствени услови во градинките, план во кој здравјето и условите во кои растат најмладите ќе бидат врвните приоритети на државата.
Скопје,23.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА