Соопштение за јавност
Заврши времето на “газење“, “влечење за уши“, закани и притисоци. И не само што заврши туку и ќе има одговорност.
Очигледно е дека Груевски ја гледа пораката на граѓаните кои избираат живот во Македонија.
Затоа се обидува да ги рехабилитира насилничките методи, во конкретниот случај во Струмица, со тоа што преку порталот на ВМРО-ДПМНЕ, Курир, напиша дека “газеле“ во Струмица. За тоа ја употреби и директорката на УЈП, Анастасија Илиевска, која во изјава признава дека одела од место во место да им порача на граѓаните дека биле стабилни со ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните на Македонија слушнаа од проектот Вистината за Македонија како инспекциите на чело со претходникот на Илиевска, Горан Трајковски уценувале и рекетирале фирми пред изборите во 2014 година. За овие избори во декември 2016 зборот притисок може да биде само мисловка именка за обвинетиот Груевски со соработниците.
Во изборен процес, за уцена и притисок се оди во затвор.
Скопје,
22.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА