fbpx

Веднаш да престанат нападите врз новинари, граѓаните имаат право да ја дознаат вистината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат да ги шират паниката и стравот од одговорност помеѓу своето членство и активистите. Правдата за криминалот што го правеле е неизбежна, но како што лично си ги полнеа џебовите сега треба лично и да одговараат. Паниката што ја шират нема да им донесе ослободување од одговорноста, но може да предизвика инциденти како вчерашниот, кога нивен активист, без никаква причина, нападна новинар на телевизијата Телма пред Министерството за внатрешни работи.

СДСМ најостро го осудува нападот врз новинарот на Телма. Интерес на сите граѓани е да ја дознаат вистината и да бидат информирани. Тоа е можно само ако новинарите непречено и без никакви закани по нивната безбедност и без притисоци ги извршуваат своите професионаплни задачи.

Физичките напади врз новинари и спречувањето на вистината за жал беа една од главните одлики на режимот на Никола Груевски, кој ќе биде поразен на 11 декември.

По победата на 11 декември, новинарите ќе може слободно да известуваат и да ја критикуваат работата на институциите. Медиумските слободи ќе бидат вратени, а Македонија никогаш веќе нема да биде оквалификувана како земја со неслободни медиуми од релевантните меѓународни организации.

Скопје,21.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести