fbpx

Наумов се сретна со претседателот на Сојузот на Стопански комори на Македонија Данела Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов денеска се сретна со претседателот на Сојузот на Стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

На средбата се зборуваше за актуелните состојби во стопанството и предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки на Сојузот на Стопански комори на Македонија. Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов беше информиран за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се однесуваат на надлежност на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа.

Заедничка беше определбата дека компаниите не смеат да трпат негативни последици од политичката нестабилност во државата. Во наредниот период инспекциските органи мораат строго професионално да ги извршуваат обврските од своја надлежност.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов се стави на целосно располагање на македонските компании во случај да се соочат со политички притисоци за време на предизборниот период.

Домашните компании треба да бидат основата за раст на македонската економија и во тој контекст е потребна поголема поддршка за нивниот развој во иднина, со овој заеднички заклучок заврши средбата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов со Данела Арсовска, претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија.

 

 

Последни вести