fbpx

Дебаклот во „Борис Трајковски“ сурово ги демантира лажните анкети на Павел Шатев и Димитрија Чуповски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Време е за крај на режимот на Никола Груевски. Ова е пораката што громогласно одекна од дебаклот вчера во салата „Борис Трајковски“. Ова е пораката од македонските граѓани упатена директно до шефот на фамилијата која 10 години ја тормозеше Македонија, а вчера имаше проштален настап пред своите уценети сопартијци и киднапирани службеници.

Дебаклот во „Борис Трајковски“ сурово ги демантира лажните анкети на Павел Шатев и Димитрија Чуповски.

Дебаклот ги потврди стравовите на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков дека време е за разделба со лускзузниот живот на грбот на сиромашните граѓани.

Дебаклот потврди дека време е за крај за газењето врз луѓе на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков и дека веќе никој не им се плаши. Дури и најверните поданици веќе не им се плашат – сендвичите ги јадеа во „Скопје сити мол“ додека шефовите на фамилијата се потеа во „Борис Трајковски“ со говорите со очајнички ветувања во кои ни самите не веруваат.

Дебаклот потврди дека е време обвинетиот Никола Груевски и осомничениот Сашо Мијалков да се посветат на својата одбрана пред судовите за криминалното 10-годишно владеење.

Дебаклот потврди дека од слободата не делат само 50-тина дена и дека Македонија на 11 декември ќе слави голема победа.

Дебаклот потврди и дека обвинетиот Груевски ќе добие 63 пратеници, но на опозицијата, за да не може веќе да ја уценува Република Македонија.

 

Скопје, 17.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести