Соопштение за јавност
И на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им стана јасно дека е готово со Никола Груевски. Соочени со поразот што ги очекува на 11 декември, тие се поотворено го критикуваат раководството на партијата за криминалното и коруптивно владење.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија Васко Наумовски објави писмо во кое отворено зборува за незадоволството од оваа власт во дијаспората, а кое го завршува со реченицата: Целосната власт – целосно корумпира!
Тоа за што говори денес Васко Наумовски некогашниот близок соработник на Никола Груевски, граѓаните го чувствуваат веќе десет години. Добрата вест за граѓаните е дека коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ завршува на 11 декември.
Новата влада ќе се посвети вистински на интересите на сите граѓани, вклучително и на иселениците од нашата земја.
Скопје,18.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА