fbpx

Oд милијарда евра субвенции, во македонското земјоделство остана само пустош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски дебатираше сам со себе на панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако од 2006-та година досега, како што вели тој, биле исплатени над една милијарда евра субвенции за поддршка на земјоделците, тогаш со сигурност на дело ќе се видеа резултатите и благодетите за секој земјоделец.

Единствено видливо е намалувањето на бројот на крупниот добиток за 18.000 грла, кај свињите е намален за 26.000, а кај овците имаме намалување од 38.000 грла и тоа само за последните 5 години, токму тие кои Костадиновски ги прикажува како години во кои земјоделството е субвенционирано.

На тоа ако додадеме 200.000 хектари не обработени земјоделска површина, неколку пати зголемен увоз на прехрамбени и земјоделски производи, притисок и закани кон земјоделците, кои едвај врзуваат крај со крај за да преживеат, доволно кажува во каква состојба е земјоделството.

Селективниот, криминален и клиентелистички пристап во распределбата на субвенции придонесе реалната слика во земјоделството да е катастрофална.

Стотици милиони евра за субвенции не се исплатени, илјадници вистински земјоделци се обесправени и се одбиваат за субвенции, а огромен број од нив имаат правосилни и извршни одлуки за исплата на пари што со години не им се исплаќаат.

Тоа е реалноста. Затоа логично се наметнува прашањето: каде навистина завршиле една милијарда евра?

Сигурно не кај вистинските земјоделци, туку во џебовите на луѓе од фамилијата и тајкуни тесно поврзани со власта.

 

 

 

Последни вести