fbpx

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Рекација на Комисијата за култура на СДСМ на изјавата на министерот Љутков

Љутков со секое појавување во јавност потврдува дека културата во Македонија е заложник на човек кој
ниту ја разбира, ниту ја чувствува. Неговото незнаење и немање одговори за реалните проблеми во културата се отсликува во неговите изјави од кои јасно се гледа дека културата е сведена на средби и разговори без исход и сликања од отворање и затворање настани.

Неговиот нереален оптимизам и нелогично верување дека после една изгубена година за почеток за реновирање на Универзална сала може да се заврши до 2027 година е голем ризик кој води до уште едно посрамотување на Македонија пред цела Европа, како што тоа се случи со Европската олимпијада за млади.

Министер како Љутков кој не знае што има во Препораките од УНЕСКО не може да го зачува статусот и да го заштити Охридскиот регион.
Наместо вистински дејствија и резултати, министерот одржува затворени седници по хотели, без експерти и граѓанските организации, без транспарентност.

Бидејќи за Љутков во културата тече мед и млеко ние ќе ве потсетиме на реалноста дека:
1. Вработените во Министерството за култура и туризам преживуваат со понижувачки плати, за кои министерот нема ниту збор;
2. Културните работници се без поддршка, со задоцнети плати и неисплатени според Колективниот договор.
3. Распределбата на буџетот е полна со скандали и партиски унапредувања и вработувања, за кои молчи;
4. Културното наследство пропаѓа, музеите и библиотеките се во мизерна состојба, додека Љутков си патува низ светот и зборува за „успеси“.

За министерот за култура и туризам непотребно трошење на „огромни средства“ е посетата на меморијалната поставка на Петре М. Андреевски во Демир Хисар, а до ден денес не им кажа на граѓаните колку потроши во Јапонија и за која цел беше на турнеја во Америка на државна сметка?

Единствената културна политика на Љутков е турнејата за себе и за неговите блиски вработени.
Додека министерот се шета низ светот, културното наследство се распаѓа, младите уметници си заминуваат од државата, институциите немаат услови за работа, а културата никогаш не била во полоша состојба.

Со ВМРО-ДПМНЕ културата стана декор за политички маркетинг, а не темел на идентитетот и развојот на државата.

Последни вести