fbpx

Тошковски даде милионски тендер на фирма на советник на ДПМНЕ и за тоа го криви СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Тошковски

Тошковски даде милионски тендер на фирма на советник на ДПМНЕ и за тоа го криви СДСМ

Комични се изјавите на министерот Панче Тошковски.

Тој дели скандалозни тендери во МВР за милионски бизниси на фирма зад која стои советник на ВМРО ДПМНЕ ама и за тоа најде СДСМ да го обвинува.

Па се слуша ли Панче што зборува? Или фатен жив нема како да се одбрани?

„Супер возач“ зад која стои советник од ВМРО ДПМНЕ доби лиценца од МВР пред само три месеци, токму од Тошковски.

Тоа што има забрана за работа од 30 дена поради серија нерегуларности само ги продлабочува скандалот кој смрди на корупција.

Како го добила тендерот фирмата ако не исполнувала услови?

Ова е класичен пример за корупција и делење тендери по вмровски шеми.

Јасно е како ден дека за милионскиот скандал вината е кај Панче Тошковски и никој друг.

Обвинувањата кон СДСМ од Тошковски се несмасен обид за дефокус од неговите криминални скандали кои го тресат МВР секој ден.

СДСМ бара расчистување на скандалот и одговорност која мора да започне од Тошковски.

Последни вести