fbpx

Филипче: Додека ВМРО ДПМНЕ е на власт противниците на Македонија мирно спијат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одговори на постојаните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека се апсолутна невистини со цел лична дискредитација затоа што владата нема никаков резултат и нема што да покажат.

-Сите тие обвинувања апсолутно не се вистина. Целта е да дискредитираат. Прво, дека сум имал куќа во Нерези – за тоа пишуваше вашиот медиум, но кога една ваша колешка беше таму и сними, излезе дека не е вистина. Потоа, дека имам поклон-џип – исто така не е вистина. Дека имам зграда во Дубаи – повторно невистина. Дека имам јахта – и тоа не е вистина. Нивната мантра е: „Ти си лопов, криминалец, предавник“. Но тоа не ме прави помалку храбар, напротив – уште повеќе ме мотивира да се борам за доброто на државата. Знам дека ВМРО-ДПМНЕ и сите што го иницираат и спроведуваат тој процес, тоа го прават затоа што немаат резултати. Немаат што да покажат. Тие плаќаат луѓе за ситни пари да шират лаги, а во исто време се занимаваат со многу големи бизниси – со огромни кредити и договори во четири очи. Но полека вистината излегува на виделина: државата е ставена на слеп колосек за Европа, платите стагнираат, стандардот тоне, младите се иселуваат, рече Филипче.

Ќе завршам со тоа: Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, противниците на Македонија мирно спијат, рече денеска претсдателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести