Соопштение за јавност
Обвинетиот Никола Груевски самиот потврди дека нема вистински економски раст во Македонија.
Груевски призна дека со години Македонија е на ниво на 3 процентен економски раст, а
ваков процент на “раст“ во светот се третира како статистичка грешка!
Никола Груевски со неговите криминални политики за фамилијата ги уништи животите на над 500.000 граѓани кои сега живеат под прагот на сиромаштија.
Поради неподносливите услови за живот од тендер политиките на Груевски,
626.312 граѓани ја напуштија Македонија.
Поради овие вистини Груевски не може да ги погледне граѓаните во очи. Затоа пишува таканаречени колумни во коишто проѕирно се правда за економскиот крах.
Доаѓа нова Влада со План за вистински економски развој на Република Македонија.
Скопје, 03.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА