fbpx

Војниците не му веруваат на обвинетиот Груевски кој 10 години ги понижуваше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На два месеци до поразот кој го чека, обвинетиот Никола Груевски продолжува да ветува се и сешто и да се обидува да купи колку што е можно повеќе категории граѓани. Денеска на ред дојдоа војниците.

Доцна е за Груевски да ветува што било за војниците. Тие најдобро го почувстуваа неговото 10-годишно владеење и понижувачкото ниво на кое ја доведе армијата.

Поради постојаното кратење на буџетот за одбраната, војниците беа упатени да помагаат во поплавените подрачја без минимум основна опрема, без гумени чизми, кабаници, резервни униформи, без основен рачен алат.

Додека Силвана Бонева зема илјадници евра за патни трошоци, војниците се уште спијат на кревети и се покриваат со ќебиња од времето на ЈНА.

За ова тие ќе го казнат Груевски на изборите.

По 11 декември на војниците ќе им обезбедиме најсовремени професионални услови за работа. Вистински ќе го решиме нивниот егзистенцијален и станбен статус и ќе ја обновиме опремата на АРМ како што и доликува на една армија на земја кандидатка за членство на НАТО.

 

Скопје, 01.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести