fbpx

Николовски: Идната влада предводена од СДСМ ќе работи чесно и одговорно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Гевгелиско-Богданскиот регион.

Празни села, напуштени ниви, сиромаштија, тажни и измачени луѓе – ваква беше денешната слика во овој регион.

– Оваа власт не доведе на работ на егзистенцијата. Не можеме да врземе крај со крај. Млади речиси овде и да нема, не можат да најдат работа и заминуваат во странство. Давачките секојдневно се зголемуваат. Ако не се променат работите и ние ќе заминеме во странство, барем да бидеме со нашите деца и внуци, велат граѓаните од овој регион.

Николовски оствари посета и со земјоделците од овој регион. Тие се пожалија на селективна исплата на субвенции, неорганизираниот откуп и пласман на земјоделските производи, селективна распределба на државните земјишта, скапиот семенски материјал и репроматеријали. Според нив, земјоделските политики на власта не дале никаков резултати, повеќе му земаат отколку што му даваат на земјоделецот.

– За разлика од оваа влада, која што земјоделецот го користи само како алатка за гласање, ние вистински ќе застанеме зад земјоделците. Ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра годишно, воведуваме бенефициран стаж за земјоделците и ги ослободуваме од плаќање персонален данок. За земјоделската механизација воведуваме „зелена нафта“ и ќе направиме ревизија на веќе доделеното државно земјиште. Мора да има праведна распределба на земјиштето. По 11 декември, земјоделците ќе ја почуствуваат вистинската грижа за нив, од Владата предводена од СДСМ, рече Николовски.

Тој нагласи дека СДСМ има решенија со кои ќе ја направи Македонија и овој регион подобро место за живеење.

– После промената, минималната плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари, ќе поттикнеме отварање на нови работни места и ќе воведеме поправеден персонален данок. Социјалната помош ќе ја зголемиме за 40 насто, а во првите 100 дена ќе ги укинеме радиодифузната такса и екстерното тестирање. Политиките на казни ќе бидат минато, прво ќе следуваат опомени, па потоа казни. Ова се само дел од мерки со кои ќе го подигнеме животниот стандард и примањата на граѓаните кои сега мачат да ги покријат основните животни трошоци, рече Николовски.

 

 

 

Последни вести