fbpx

Николовски со честитка по повод денот на шумската полиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска, пред точно 18 години, е формирана Шумската полиција, чие функционирање е важен аспект за граѓаните, бидејќи се обезбедува заштита на шумското богатство на Република Македонија.

Припадниците на шумската полиција заслужуваат честитки за нивното ангажирање и извршување на своите секојдневни и тешки работни задачи, бидејќи многупати се изложени на напади и опасност по нивните животи.

Состојбата во последните години во овој сектор е катастрофална, без основни услови за работа. Овој сектор е запоставен и материјално и финансиски.

Затоа, честитајќи го овој значаен ден на припадниците на шумската полиција, им порачувам да истраат во изршувањето на нивните должности, бидејќи со промената ќе им бидат овозможени услови за нормално функционирање и враќање на достоинството на нивната професија.

Нека е честит денот на шумската полиција.

 

Со почит,

Љупчо Николовски,
дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

 

Последни вести