Што крие Мицкоски, пет дена не дава одговор дали Камчев ja финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник Почитувани граѓани, почитувани новинари, Пет дена молк во ВМРО-ДПМНЕ, бегаат од одговор, бегаат од јавноста, не даваат одговор на прашањето дали Орце Камчев ja финансирал изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ? Нема одговор ниту за тоа дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани […]

Градиме по план, целосно реконструирана улицата „Бранко Заревски“ во населба Драчево

Изјава за медиуми, Дарио Шимиќ, претседател на Советот на општина Кисела Вода   Почитувани граѓани, Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски, целосно ги остварува предизборните ветувања дадени пред граѓаните. Се покажа дека грижата за граѓаните е наш врвен приоритет. Целосно ја реконструиравме улицата „Бранко Заревски“ во населба Драчаво. На улицата се вршеше гребење на […]

Со ребалансот 300 милиони денари за поврат на ДДВ, парите назад кај граѓаните

Прес конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и коалицијата Почитувани, Ребалансот на буџетот ја потврдува заложбата на СДСМ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните. Со ребалансот, 300 милиони денари се издвојуваат за реализација на мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните. Мерката Мој ДДВ која е е едно од клучните […]

Мицкоски да не молчи туку да каже за Орце и дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ се пријавени?

Прес конференција, Гордан Шутаров, СДММ     Почитувани граѓани, почитувани новинари, Христијан Мицкоски со денови молчи и не одговора на јавно поставеното прашање:  Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ? Со денови молк во белиот дворец зад мене. Не одговара ниту генералниот секретар Игор Јанушев, кој беше […]

Од институција за репресија и пресметки, УЈП денес е партнер со фирмите и носител на концептот Парите кај граѓаните

Прес конференција, Сања Лукаревска, членка на Централниот Одбор на СДСМ   Почитувани граѓани, СДСМ како одговорна партија, пред граѓаните презеде обврска за професионализација на државните институции и зајакнување на нивните капацитети.  Изминатите 2 години Управата за јавни приходи беше соочена со решавање на низа проблеми и недостатоци како резултат од лошото работење во изминатите години, […]

Првиот човек на ОК ВМРО ДПМНЕ Македонска Каменица доби кривична пријава

Прес конференција, Ивица Милошоски, портпарол на ОО СДСМ Македонска Каменица Почитувани сограѓани, Сакаме да Ве информираме дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 пријавениот, како директор […]

Со ребалансот повеќе пари за фирмите, дополнителни 3,3 милиони евра назад кај компаниите

Прес конференција, Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми,  Ребалансот на Буџетот за 2019 кој е веќе во собраниска процедура е дел од генералната заложба на СДСМ да враќа што повеќе пари кај граѓаните.   Со измените и дополнувањата на Буџетот 2019 година вкупните приходи се планирани на ниво […]

Преку бројни мерки, во последните две години обезбедивме вистинска грижа за земјоделците, го развиваме земјоделството како клучна гранка

Прес конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани новинари, Денешната прес конференција е наменета за секоторот земјоделство, заради тоа што во изминатите неколку дена се случија низа на неколку политички манипулации од страна на поединци од некои политички партии коишто сакаа да ги злоупотребат целосно фармерите и земјоделците. Водејќи се од тоа […]

ОО СДСМ Битола: 18 милиони евра годишно за млечно говедарство

Прес конференција, Методија Илиевски – координатор на советничка група на советот во општина Битола   Почитувани, Подсекторот млечно говедарство во Р. С. Македонија во изминатите 5 години бележи тренд на развој особено кај деловните субјекти. Тоа се должи на политиките на Владата која во самиот потсектор говедарство од вкупната финансиска поддршка во земјоделството во делот […]

Ребалансот на Буџетот обезбедува поголеми плати и ја унапредува здравствената заштита

Прес конференција, Татјана Лалчевска, пратеничка од СДСМ и коалицијата   Почитувани граѓани, почитувани медиуми Ребалансот на Буџетот за 2019 година, освен што поттикнува раст на платите, обезбедува повеќе пари во здравството и ја унапредува здравствената заштита. Преку ребалансот на Буџетот обезбедени се дополнителни 193 милиони за набавка на лекови за ретки болести и инсулин. Истовремено, […]