Taсевска: Со социјалната реформа, воведуваме Гарантирана минимална помош за намалување на сиромаштијата

Прес конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ, 25.05.2019, Куманово Почитувани граѓани, почитувани новинари,  Со воведувањето на социјалната реформа, правиме преобразба на системот за социјална заштита и градиме систем кој извлекува од сиромаштија. Со социјалната реформа, се воведува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на […]

Пораката од граѓаните ја примивме со сериозност, следуваат седница на ЦО и нови промени

Изјава за медиуми,Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеникСкопје, 24.05.2019 Почитувани граѓани, почитувани новинари, Дозволете на почетокот да ви го честитам 24 мај Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј и денот на словенската писменост и култура. Промените се тука, видливи и конкретни, пред очите на сите граѓани и пред целата јавност. Согласно одлуката на […]

Нолевска: Честит 24 мај, остануваме посветени на грижа и унапредување на македонскиот јазик

Изјава за медиуми, Николина Нолевска Скопје, 24.05.2019   Почитувани граѓани, Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Денес е ден на словенската писменост и култура, ден на цивилизациските дострели на кирилометодиевската дејност. Воедно, на сите просветни работници им го честитаме денешниот празник, […]

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставки

Изјава за медиумиКостадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ Скопје, 23.05.2019 Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Сега, откако оставката од колегата Павле Богоевски е извесна, останува отворено уште само едно прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски предмети, ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник […]

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, и под водство на Мицкоски оваа партија е заглавена во матрицата на насилство

Изјава за медиумиФилип Попоски, портпарол на ОО СДСМ Прилеп23.05.2019   Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ – партијата која 12 години владееше со терор, закани, уцени и притисоци, се’ уште е заглавена во истата насилничка матрица. Ништо не е променето во партијата чиј почесен претседател е криминалецот и бегалец од правдата, Никола Груевски. Информациите кои вчеравечер ја преплавија прилепската […]

Ременски: Од морални и од правни причини, Вељановски да поднесе неотповиклива оставка од Комисијата за надзор на безбедносните служби

Изјава за медиумиФросина Ременски, потпретседателка и пратеничка на СДСМ Скопје, 23.05.2019 Чувствувам потреба да дадам и друга изјава по однос на денешнава седница на комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на кои што се разгледуваа годишните извештаи за работа на управата и на Агенцијата за […]

Локвенец: Со Законот за агенција за национална безбедност ги заокружуваме реформите во безбдносниот сектор

Изјава за медиуми,Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијатаСкопје, 22.05.2019 Почитувани, Преку конструктивен пристап, во соработка со опозицијата и следејќи ги насоките на нашите меѓународни партнери, дојдовме до квалитетно законско решение, коe од една страна значи гаранција на човековите права и приватноста, а од друга страна креираме предуслов за силен механизам за ефикасна борба против […]

Мицкоски стана промотор на мерките на СДСМ

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ Скопје, 22.05.2019 Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Човекот кој 11 години не знаеше и не направи ништо за намалување, што не знаеше што значи интерес на граѓаните, тоа е Христијан Мицкоски, почна да станува промотор на политиките на СДСМ. Откако СДСМ ја промовираше мерката […]

Со новата социјална реформа, околу 73.500 деца ќе користат детски и над 64.000 образовен додаток

Изјава за медиуми,Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ,Скопје, 22.05.2019 Почитувани граѓани, почитувани новинари, Новата социјална реформа, што веќе ја усвои Собранието, суштински ја преобразува социјалната и детската заштита, создаваме вистински систем за извлекување од сиромаштија. Со социјалната реформа, за 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток. Детскиот додаток кој го […]

ВМРО – ДПМНЕ го крши Деловникот, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во изминатите 10 години

Изјава за медиумиКостадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ Скопје, 21.05.2019 Почитувани преставници на медиумите, почитувани граѓани, Денеска ВМРО – ДПМНЕ буквално избега и докажа пред граѓаните дека никако не сака нивното владеење да биде на увид на граѓаните. Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска грубо, најгрубо го прекрши […]