fbpx

Со новата социјална реформа, околу 73.500 деца ќе користат детски и над 64.000 образовен додаток

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ,
Скопје, 22.05.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Новата социјална реформа, што веќе ја усвои Собранието, суштински ја преобразува социјалната и детската заштита, создаваме вистински систем за извлекување од сиромаштија.

Со социјалната реформа, за 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток.

Детскиот додаток кој го користеа 3.200 деца сега, со оваа реформа ќе го користат 73.500 деца.
Пристап до образовниот додаток наместо 3.800 дечиња, отсега ќе имаат 64.136 деца.

Им помагаме на семејства на кои помошта им е неопходна. Градиме фер и праведно општество за сите.

Овие мерки се влог за мирно и спокојно детство на идните генерации.

Создаваме услови, на секое дете му се даде еднаква шанса да може да го постигне својот вистински потенцијал во текот на животот.

Почитувани,

Со усвојувањето на пакeтот закони, правиме целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита, воведуваме социјална правда што е основа за градење на фер и праведно општество кое нуди еднакви можности за сите.

Како парламентарно мнозинство остануваме целосно посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисок животен стандард и еднакви услови за сите граѓани.

 

 

 

Последни вести