Телефонски разговор на претседателот Заев со Столтенберг: Република Северна Македонија останува посветена на демократските реформи и евро-атланската ориентација, тој правец го потврди победата на СДСМ на парламентарните избори

Соопштение за јавност Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Столтенберг упати честитки до претседателот Заев за победата на СДСМ на предвремените парламентарни избори и изрази задоволство што во Република Северна Македонија е реизбрано политичкото раководство кое со своите храбри и исправни политики […]
Лажната грижа на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните е разобличена, во изборната кампања тие беа најголема закана за ширење на вирусот

Соопштение за јавност-реакција на прес-конференција на Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ Лажната грижа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните веќе не поминува кај никого и затоа на изборите добија казна каква што заслужуваат. Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а […]
Граѓаните одбраа европски пат, економија и правда, следува Влада која ќе испорача

Соопштение за јавност Со победата на СДСМ на овие избори граѓаните го одбраа патот по кој државата оди уште од 2016 година. Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата. Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност. Решенијата на новите пратеници […]
Граѓаните видоа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата опасност за нивното здравје и затоа ги казнија, не дозволија тие да продолжат да го уништуваат здравствениот систем

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ Граѓаните знаат дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема опасност за нивното здравје и затоа ги казнија на избори. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со нивното опасно однесување во изборниот период, но и во текот на целата здравствена криза постојано го загрозуваа здравјето на сите, не почитуваа никакви […]
Демократскиот и европски концепт на СДСМ, зад кој застанаа граѓаните, води кон европска и сигурна иднина, развојна економија и правда

Соопштение за јавност Граѓаните на Република Северна Македонија се одлучија за демократскиот и европски концепт на СДСМ, кој води напред кон Европа, кон нова развојна економија, кон сигурна иднина и правда. Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото, нема враќање назад кон изолација, опасност и неизвесност. Одиме напред уште подобро, со […]
Не очекуваат сериозни предизвици, неопходна ни е стабилна Влада со полн мандат, сите пратеници од новиот парламентарен состав имаат можност да се приклучат на прогресивните политики предводени од СДСМ

Соопштение за јавност Како држава во наредниот период не очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден и затоа ова се времиња кога е неопходна стабилна Влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ. После илинденските празници почнува процесот на […]
За само 30 месеци ги реализиравме стратешките цели на кои чекавме 30 години, во наредните четири години ќе постигнеме уште повеќе и ќе обезбедиме брз економски напредок и развој, праведна држава и правда за сите

Соопштение за јавност Демократскиот и европски концепт на СДСМ е концепт кој Република Северна Македонија ќе ја води напред кон Европа и кон сигурна иднина, правда и уште поголема слобода. На последните избори граѓаните недвосмислено се определија за овој концепт и не дозволија државата да се враќа назад преку автократските и режимски политики на ВМРО-ДПМНЕ […]
Најголема опасност за здравјето на граѓаните беа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните го поразија нивното несериозно однесување

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ Најголема опасност за здравјето на граѓаните се токму Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Без елементарна грижа за никого и за ништо, во целиот изминат период, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано го загрозуваа здравјето на сите, не почитуваа никакви мерки за заштита, ги кршea сите протоколи, се обидуваа да […]
Со новиот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, проектирани околу 3 милијарди евра неповратни средства за Северна Македонија

Соопштение за јавност Успешните политики на Владата предводена од СДСМ за изминатите три години и вистинскиот пат по кои ги води граѓаните и државата се потврдува во континуитет. Насоченоста кон европската перспектива на државата и носењето на европските вредности во неа се препознаени како такви, а потврда за тоа е и вклученоста на земјава во […]
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се во агонија, со лажни партиски агенди мислат дека ќе го сокријат изборниот пораз, граѓаните ги казнија, нивните режимските политики остануваат во опозиција

Соопштение за јавност, реакција на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Колку побрзо го признаат изборниот пораз, толку побрзо на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ ќе им заврши агонијата низ која во моментов поминуваат. Граѓаните на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија политиките на Мицкоски, граѓаните дадоа црвен картон за сите кои се заглавени во […]