fbpx

Лажната грижа на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните е разобличена, во изборната кампања тие беа најголема закана за ширење на вирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност-реакција на прес-конференција на Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ

Лажната грижа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните веќе не поминува кај никого и затоа на изборите добија казна каква што заслужуваат.

Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува.

ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот.

Целата јавност го виде неодговорно и опасно однесување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, сите видоа дека тој не се грижи за ничие здравје и затоа една прес-конференција преполна со лажни факти и манипулации тоа не може да го покрие.

Последни вести