fbpx

Лефков како папагал повторува лаги, стравот од Филипче во ВМРО-ДПМНЕ е голем

Соопштение за јавност, писмена реакција на прес конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ Очаен е Лефков кој секојдневно добил задача да лаже и измислува за претседателот Венко Филипче. Човекот како папагал во глува соба секојдневно држи прес конференции и ги повотрува истите лаги кои со години ги пласира ДПМНЕ за претседателот Филипче. Ништо ново не […]

Село гори баба се чешла, лопатарот Мицкоски се шета додека државата е во пламен

Соопштение за јавност Лопатарот Мицкоски очигледно решил целосно да ги игнорира пожарите во земјата и да се шета на протоколарни конференции во Англија. Откако на првиот ден од пожарите тој лопатареше во Охрид ветувајќи дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола, сега реши да избега целосно и да не биде присутен во услови […]

Монти пајтон е кадровската политика на Мицкоски, граѓаните се смеат по социјалните мрежи

Соопштение за јавност Наместо кадровско освежување и ангажирање компетентни луѓе, како што ветуваше пред граѓаните, Христијан Мицкоски мести несоодветни кадри на заменичките министерски позиции и директорските места. Неговите партиски потреби, желбите и апетитите на неговите коалициски партнери Мицкоски ги стави пред потребите на граѓаните и одбра кадри кои на работните места ќе се чудат каде […]

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје. Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако […]

Скандалот „фамилијарни патувања“ се проширува, дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашнгтон?

Соопштение за јавност Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на […]

Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

Соопштение за јавност ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по пртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат. Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал […]

Тошковски нема решено ниедно убиство за шест месеци

Соопштение за јавност ВМРО-ДПМНЕ во паника денес објавува дека од вкупно пет убиства и три обиди за убиства, Панче Тошковски за само шест месеци решил еден обид за убиство. Ова е катастрофален учинок кој ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во водење на МВР како инститиција. Бидејќи се обидуваат да ја лажат јавноста, еве ги вистинските […]

Имаме информации дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон

Соопштение за јавност Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон. Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно […]

Неспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија

Соопштение за јавност Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола. Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите. Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола. Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како […]

ВМРО-ДПМНЕ ги малтретира скопјани, ЈСП пред колапс тие не набавуваат автобуси

Соопштение за јавност Се случува тотален хаос со јавниот превоз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе ЈСП во катастрофална состојба. Автобусите доцнат а често и воопшто ги нема, по топлото време граѓаните со часови губат време и не можат навреме да стигнат никаде. Во преполни автобуси луѓе колабираат, интервенира брзата помош, а возењето со распаднатите кинески […]