Филипче: Мицкоски халуцинира дека е добра економијата – имам сомнеж дали верува или некој му сервира

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во централниот Дневник на МТВ упати остри критики за погрешните економските политики на Мицкоски, посочувајќи ги новите задолжувања и намалувањето на капиталните инвестиции. „Христијан Мицкоски практично халуцинира дека добро работи економијата, покажува и мавта со некои хартии на кои пишува убави бројки за него. […]

Филипче за Изборниот законик: Нека ги тргнат спорните одредби, да останат само препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Централниот дневник на МТВ порача дека СДСМ ќе го поддржи Изборниот законик доколку се отстранат спорните одредби што отвораат можност за изборен грабеж, а во законот останат само препораките на ОБСЕ/ОДИХР. „Тогаш ние ќе сме повторно на масата и ќе го поддржиме Изборниот законик, […]

Филипче: Директорот на АНБ има лажен сертификат од Бугарија, тоа да не е причината за овој договор?

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во Дневникот на МРТ 1, отвори сериозни прашања за одговорноста на институциите и сомнежите за договор зад очите на јавноста, поврзани со случајот со Ива Михаилова. Филипче потсети на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски, и неговиот спорен сертификат за познавање англиски јазик […]

Филипче: Сите лаги на Мицкоски за уставните измени паднаа во вода – секое одложување носи сиромаштија и иселување

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во Централниот дневник на МТВ порача дека уставните измени ги бара Европската уннија, а секое одложување значи губење време, сиромаштија, изолација и иселување затоа што Христијан Мицкоски не ги исполни ветувањата за подобрување на преговарачката рамка. „На тоа инсистира Европската Унија, затоа што тоа […]

Филипче: Бараме Бугарија да направи екстрадиција на Михаилова

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во централниот Дневник на МТВ побара Бугарија да ја екстрадира Михаилова, посочувајќи дека тоа е најмалку што треба да го направи и побара одговорност дома од сите надлежните за скандалот. -Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може […]

Клековски им дава алиби – Ива избега затоа што Тошковски ја пушти, Муцински договори а Мицкоски одобри

Соопштение за јавност Клековски се прави како да не е од тука. Исто како во Гостивар кога над 5.000 луѓе беа отруени од фекалии во водата, така и сега. Им дава алиби, вели дека Ива Михаилова избегала поради најавеното доаѓање на бугарските лекари. Организираната криминална група се штити меѓу себе. Ива Михаилова избега затоа што […]

ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ не обезбедија кворум, прекината собраниската седница

Соопштение за јавност ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ денеска не обезбедија кворум за работа на Собранието, поради што собраниската седница беше прекината. Од речиси 80 пратеници на владејачкото мнозинство, не можат да обезбедат ниту кворум. Што прават пратениците на власта и за што ги плаќаат граѓаните? Одбиваат Закон за минимална плата од 600 евра, одбиваат Закон […]

Битиќи: Државата им должи 694 милиони евра на компаниите, а власта дополнително ја намалува поддршката за стопанството

Владата доцни со сервисирање на долговите кон стопанството, а дополнително со ребалансот на буџетот ја намалува поддршката за малите и средните претпријатија, нагласи пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата. Во отсуство на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Битиќи упати прашање до заменик-министерот Николче Јанкуловски, од кој побара […]

Битиќи до Јанкуловски: Како ќе им помогнете на граѓаните откако го одбивте нашиот предлог за 600 евра минимална плата?

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за опозициски пратенички прашања, нагласи дека Владата на ВМРО го одби предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра, смисли „розова“ потрошувачка кошничка, а граѓаните секој месец се соочуваат со сè поголем јаз меѓу платите и трошоците за живот и едвај врзуваат крај со крај. […]

Спасовски до Хоџа: До каде е регионалната депонија и кој ќе одговара за ископот на песок во кумановскиот регион?

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати две прашања до министерот за заштита на животната средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, посочувајќи на доцнењето на изградбата на регионалната санитарна депонија за Североисточниот плански регион и за недоволната разрешница на проблемите поврзани со ископот на песок во селото Шупли Камен. […]