Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски и го одмрзнува имотот на ВМРО

Соопштение за јавност Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО. По 8 години “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. […]

Филипче: Наместо да се бори за Македонија меѓу европските лидери во Париз, Мицкоски остана дома

Соопштение за јавност Наместо да биде меѓу европските лидери и да се бори за интересите на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски избра да не присуствува на средбата во Париз, каде што беа собрани лидерите на европските држави. Наместо лично да ја претставува државата и да ги искористи можностите за застапување на македонските интереси, на негово место […]

Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

Соопштение за јавност ВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората. Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик. Дијаспората не сака […]

Позицијата на СДСМ е јасна – нема што да се усогласува со Левица

Соопштение за јавност Левица соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ. Ова е очекувана реакција од партија која се обидува да создаде привид на опозициско единство, додека во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски. Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. […]

Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. Не може! Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување […]

Латас и Стоилковиќ – кога „српскиот свет“ се брани со омраза кон Македонците

Соопштение за јавност Драган Павловиќ – Латас и Иван Стоилковиќ денеска повторно се обидуваат да се претстават како бранители на српскиот народ во Македонија. Ова е класична манипулација. Кога зборуваме за „српскиот свет“ во Македонија, не зборуваме за српскиот народ. Зборуваме за политички проект на Александар Вучиќ и неговата СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ, кој […]

Поскапувањето на горивата е уште еден доказ за целосниот економски колапс под ВМРО-OКГ

Соопштение за јавност Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар по литар. Ова не е изненадување туку продолжение на кризата која ја најавуваме со месеци. Владата на Христијан Мицкоски немаше слух да воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Или едноставно не сакаше. Дали е тоа целосна неспособност или намерно нереагирање […]

Реконструкција или театар за прикривање на неуспехот?

Соопштение за јавност Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата. Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во […]

Цветков: Реконструкцијата е само политичка козметика, нема да донесе подобар живот за граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, рече дека најавената реконструкција на Владата е обична политичка шминка и призанине на власта дека досегашните политики потфрлиле, па наместо суштински промени, прави само замена на имиња без одговорност и без решенија за граѓаните. Тој посочи дека најдобар доказ за тоа е примерот со Министерството за земјоделство, каде што пред […]

Битиќи: Реконструкцијата е само нов театар за добивање време и обид на ВМРО да ја концентрира моќта

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница,нагласи дека реконструкцијата на Владата не е признание за грешките ниту обид за подобрување на институциите, туку нова распределба на моќта и концентрација на контролата во рацете на ВМРО. Битиќи посочи дека кадровските промени не се темелат на анализа на резултатите и одговорност, туку на политичка пресметка, […]