Уште нема официјален документ за водата во Гостивар а еве ги Маврово и Крушево

Соопштение за јавност Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри? Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи: Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата. Крушево – водата била заматена и […]

Уште еден удар по џебот на граѓаните – поскапува и парното

Соопштение за јавност Уште еден удар по стандардот и џебот на граѓаните, поскапува и парното. Мицкоски најавуваше намалување на цените и после секоја негова најава нешто поскапува. Поскапеа горивата, цената на дизелот се зголеми за 15 денари само за неколку недели, поскапе храната, поскапеа цените во маркетите, поскапува и транспортот. Сите цени се до плафон. […]

Како што рековме – кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Соопштение за јавност Горивата повторно поскапуваат. Дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литар, од полноќ вечерва. Како што рековме. Секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување. Овојпат се надмина себеси. По најавата – не еднаш, туку двапати се случи поскапување на горивата. Граѓаните веќе имаат страв […]

Владата веднаш да ги објави анализите – врз кои параметри е одобрена употреба на техничка вода во Гостивар?

Соопштение за јавност Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски – министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар. Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти“. Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети. За туширање и лична хигиена […]

Тошковски ќе ги презентира информациите за водата, министерот за полиција, а не за здравство

Соопштение за јавност Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата во Гостивар. Не министерот за здравство. Не министерот за животна средина. Не надлежните од Водовод. Туку министерот за полиција. Мицкоски вчера најави дека техничката вода во Гостивар од денеска е чиста. Знаеме дека Тошковски најави хиперхлорирање. […]

Што открија Орце и дронот? Четири дена молк, а Скопје е загадено

Соопштение за јавност Веќе четири дена, откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, […]

Како што најавивме – во буџетот нема пари

Соопштение за јавност Владата позајмила пари не само од М-НАВ, туку и од Лотарија и од МЕПСО за да го враќа кредитот кон кинеската банка. Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација. Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари. Затоа Христијан Мицкоски со денови […]

Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?

Соопштение за јавност Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале […]

Максо вели: Време е за отчет? Да, Максо. Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката

Максим Димитриевски денеска рече дека завршило времето на политичари што се натпреваруваа кој ќе летува на поексклузивна дестинација (веројатно мисли на Мицкоски и неговите патувања со државниот авион) и дека дошло време за отчет пред граѓаните. Да, Максо. Време е. Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката. За предавство на партијата. За предавство на […]

Мицкоски задоволен од билбордот во Скопје – коњот со пет нозе е подобар од оној со четири

Мицкоски денеска го пофали Орце и рече дека одлично работи. Тоа значи дека му се допаѓа коњот со пет нозе. Подобар е од оној со четири. Му се допаѓа Храмот Свети Сава во Белград. Логично – често оди таму кога оди кај Вучиќ по задачи за „српскиот свет“. Му се допаѓа и вијадуктот за вода. […]