Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ниеден свој проект, ги партизираа општините и го кочат нивниот развој

Соопштение за јавност Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во првите два и пол месеци од мандатот освен што вршат партизација, не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините. Не ги исполнија ветувањата пред граѓаните, нема ниту еден сопствен реализиран проект од нивната програма. Граѓаните сведочеа само на прекинување на проекти, кршење на закони, трошење народни пари […]

Калеска-Ванчева за „Вин Вин“: Со аргументите за укинување на Пржинската влада се докажува дека институциите не се заробени, дека имаме фер и слободни избори

Соопштение за јавност Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма истакна дека ставот на СДСМ во врска со Пржинската влада е конзистентен и дека треба да постои консензус помеѓу сите политички чинители, особено оние застапени во парламентот. Она што се случуваше 2016 година е преседан, но да видиме зошто […]

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сокрие неспособноста на своите градоначалници кои ништо не сработеа во првите три месеци

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ да престане со конструкции и оправдувања да ја прикрива неспособноста на своите градоначалници. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Данела Арсовска веќе трет месец ги водат општините и Град Скопје и редно е конечно да се фатат за работа, да реализираат проекти и решенија. Данела […]

Зечевиќ за меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот: Да се сеќаваме, за никогаш да не се повтори

Соопштение за јавност Генералниот секретар Миле Зечевиќ, по повод Меѓународниот ден за сеќавање во спомен на жртвите на холокаустот, оддаде почит на загинатите со порака, ваквите најцрни историски петна никогаш да не се повторат. „Меѓународниот ден за сеќавање во спомен на жртвите на холокаустот нѐ потсетува на еден од најтрагичните настани во човечката историја – […]

Каевски избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Соопштение за јавност Пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Потпретседателите го менуваат претседателот кога тој не е во можност да заседава со седницата, а по функција се и членови на Бирото на Собранието – тело кое ги координира активностите на Собранието и на […]

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ за Свети Сава: Заедно да го сочуваме богатството на различните култури

Соопштение за јавност Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Миле Зечевиќ по повод празникот Свети Сава, упати честитка до сите припадници на српската заедница во земјава и до сите православни христијани кои го слават денешниот празник. „Во име на СДСМ и во мое име, до сите вас кои го празнувате денешниот празник Свети Сава […]

Потпишани важни договори и меморандуми со Бугарија во различни области кои носат придобивки за граѓаните од двете земји

Соопштение за јавност Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи. Потврда за тоа е успешната меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти од интерес на граѓаните на двете држави. Двете влади и надлежните министерства ќе […]

Седница на ЦО: Државата навреме презема мерки за одговор на пандемијата и енергетската криза, избрани заменици министри од СДСМ

Соопштение за јавност Вечерва се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ. Поради заштита на здравјето седницата се одржа онлајн, преку дигитална платформа. Членовите на Централниот одбор дискутираа за повеќе актуелни теми, здравствената криза предизвикана од пандемијата, мерките за заштита на здравјето на граѓаните и здравствениот систем, подготовките за почеток на училишната година, за мерките […]

Од ВМРО-ДПМНЕ прават конструкции за да ја прикријат неспособноста на нивните градоначалници

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ Обидувајќи се по секоја цена да ја затскрие неспособноста на своите градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да конструира непостоечки случаи против функционери на СДСМ. Таква е и денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој се обидува да измисли скандал онаму каде […]

ВМРО-ДПМНЕ e партијата симбол за заробена држава и криминал

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол за криминал и корупција. Напредокот на Северна Македонија од 24 места на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнал ја демантира ВМРО-ДПМНЕ. Во Извештајот на Транспаренси, нотиран е напредок во борбата против корупција, позитивно е оценето усвојувањето на агенда и […]